коментар
“Кажи О.К. за МК”
Новата кампања на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Форум-центарот за стратегиски истражувања и документација и Потрага по заедничка основа што ќе се одвива под слоганот “Кажи ОК за МК” е уште една можност да се вклучат граѓаните на Македонија во процесот на приближување на нивната земја кон Европската Унија. Истражувањето покажа дека висок процент, дури 91,2% од граѓаните, сакаат да ја видат Македонија како дел од европското семејство.
Според носителите на кампањата потребна е поширока акција за да се придонесе во процесот на зачленувањето на Македонија во ЕУ како еден од приоритетите и интересите на граѓаните. Овој придонес би требало да се направи со промоција на позитивните вредности на Република Македонија, на индивидуално ниво насочени кон граѓаните на Европската Унија и нејзините институции.
Во поглед на исполнувањето на условите за влез во Унијата, 56,3% од испитаните имаат позитивно мислење. Што се однесува до активностите на Владата, 50,5% сметаат дека Владата прави многу или доволно за процесот на евроинтегрирање, а 40,2% мислат дека не се прави доволно.
Зошто кампања? Затоа што 57,2% од граѓаните сакаат да учествуваат во некоја акција за поддршка на македонскиот влез во ЕУ.
Оваа граѓанска иницијатива е можност за граѓаните кои сакаат да направат нешто. Нешто за себе, за она што кажале дека го сакаат, нивната земја да биде дел од Европската Унија.
Ете затоа: “Кажи О.К. за МК”!
Гонце Јаковлеска
|
|