ИЗБОР
ВЕСТИ ОД БРИСЕЛ
Од декември 2000, ECHO финансира неколку иницијативи за поддршка во донесувањето трајни решенија за преостанатите бегалци во земјата. Партнерот на ECHO, CESVI, имплементира еден таков проект фокусиран на областите во кои бегалците се сместени во колективните центри. Двесте и педесетте илјади евра обезбедија психолошка поддршка и помош за неформалното образование на ранливите групи меѓу бегалците и децата, тинејџерите и жените во згрижувачките семејства. Оваа интервенција ја промовира и интеграцијата на бегалците во локалните средини преку блиска соработка со локалните НВО кои управуваат со „Вавилон-центрите” (мултиетнички младински центри за дополнителни наставни активности, претходно финансирани од ECHO) и локалните училишта. Активностите кои ги презеде CESVI се концентрирани на неопходното оспособување на училниците во државните училишта, со цел да се обезбеди пријателска средина, познати како „Феникс центри”, како и оспособување на персоналот во нив кој вклучува социјални работници, наставници и директори на училишта. Како дел од образовната програма, во првата недела од јули, CESVI организира куклени претстави во скопската населба Топаана, Трубарево, Куманово и Тетово. Ромската студентска театарска група „Дархиа” ги изведуваше овие претстави со цел да се пренесе свесноста за потребата од хигиена, како на пример миење заби и раце. Овие претстави, исто така, ги посетија и учениците од локалните училишта. На крајот на секоја претстава публиката добиваше хигиенски пакети кои содржеа шампон, паста за заби и сапун со цел да се подобрат хигиенските навики.
|