Изложба на фото-кино клубот “Тетово”
Фотографии 2005
Во просториите на центарот Мултимедија арт во Тетово, на крајот од минатата година, беше отворена изложбата на “Фотографии 2005”, на членовите на Фотокино-клубот “Тетово” , на која 14 тетовски фотографи & се претставија на јавноста со повеќе од 30-тина фотографии. Фотографите од Фотокино-клубот “Тетово” по третпат се претставија на заедничка изложба во којашто беше содржан пресек на нивната работа во текот на минатата година, кога дел од членовите се здобиле со награди и признанија на домашни и на меѓународни фотоизложби.
Домаќин на изложбата беше МАЦ (ЦБЦ ЛОЈА) од Тетово. Фотокино-клубот “Тетово” е основан кон крајот на 2003 година и во него членуваат 30-тина фотографи. Членовите учествуваат на повеќе изложби во земјата и во странство, каде спаѓа и учеството на најголемата фотографска манифестација во Македонија “Денови на македонската фотографија”.
|