ТУРЦИЈА

Дозволен влез за грчките Кипрани

Турција за првпат во исто­ријата дозволи грчките Ки­пра­ни да влезат во неј­зините простори. Ова, како што изја­ви премиерот на Турција, Реџен Таип Ердоган, е гест на добра волја кон владата на грчкиот Кипар, која инаку Турција не ја признава.

Грците од Кипар  ќе можат да ја посетат Турција првпат по 40 години. Досега во Турција можеа да влезат само оние Грци од Кипар кои посетуваа меѓународни собири и нас­тани.

М.И.