ТЕМА ЗА ДЕБАТА
Дали Невладините Организации Треба да се Финансираат од Владата?
Лансираме едно интересно и провокативно прашање. Дали невладините организации треба да се финансираат од Владата? Дали тоа е нивно право, како и на сите други чинители во општеството, или пак на тој начин би ја изгубиле својата независност и предзнакот "невладини"? Ве покануваме да земете активно учество на нашиот форум, отворен на веб-страниците на "Граѓански свет". За почеток, како поттик на дебатата, своето мислење го изразуваат неколку личности активни во невладиното движење:
Анета Илиевска Да, мислам дека невладините организации треба да се финансираат од Владата, и притоа не треба да се чувствуваат обврзани на било кој начин кон Владата и нејзините тела. Бидејќи, средствата со кои располага Владата не се нејзини, туку му припаѓаат на народот. Затоа, невладините организации не треба да се чувствуваат како Владата, давајќи им материјална или друга помош, им прави некоја услуга. Владите постојат заради народот, а не обратно, и тие треба да му служат на народот. Тие не располагаат со свои пари, туку со народни пари. Невладините организации работат за општото добро, за заеднички интереси и поради тоа тие треба да добиваат помош за својата работа.
Гордана Гоцева Невладините организации треба да бидат финансирани од Владата. Токму Владата е таа која треба да ги поддржи НВО, бидејЌи тие спроведуваат активности кои се од интерес и на Владата и на сите граЃани. Поголема логика има невладините организации да бидат финансирани од Владата, отколку од некои странски амбасади, странски државни агенции или пак други донатори од надвор. И, притоа, НВО не треба да се чувствуваат обврзни кон Владата - напротив!
Петар Поповски Добро е Владата да им дава поддршка на НВО, но мислам дека е сепак подобро тие да бидат независни од неа, да задржат некое ниво на „еквидистанца” кон Владата. Ако можат да се финансираат самите или од други извори, подобро е така...
|