СЛОВЕНИЈА
Закон кој ја зголемува квотата на жените во политичкиот живот
Во словенечкото национално собрание е усвоен закон кој бара 40-процентна застапеност на жените на изборните листи за јунските избори за Европскиот парламент, и според него најмалку еден кандидат жена мора да се најде на горната половина на листата. Словенечките жени уживаат релативно добри социјални бенефиции и разликата меѓу платите на мажите и жените е многу помала отколку во регионот, вклучувајќи ги и соседните земји од ЕУ. Меѓутоа, со извесни забележителни исклучоци - вклучувајќи ги и последните два градоначалници на Љубљана - жените остануваат недоволно застапени во словенечкиот политички живот. Иако жените претставуваат 51 процент од популацијата на земјата, тие сочинуваат само 13 проценти од членството во градските совети, 12 проценти од членството во парламентот и помалку од 6 проценти од градоначалниците. Новиот закон има за цел ја подобри оваа непропорционална родова нерамнотежа во словенечката политика.
Т.Х.
|