Европското здружение на студенти по право

Во Македонија се испиша дел од историјата на ЕЛСА

Европското здружение на студенти по право во Македонија – ЕЛСА РМ од 31 јануари до 3 февруари оваа година беше домаќин на 36-от Меѓународен претседателски состанок. Состанокот се одржа во Охрид и на него учествуваа 60 гости од 22 различни земји. „Во своето 10 годишно постоење, ЕЛСА РМ отсекогаш негувала интернационална ориентација во своето работење, но организацијата на настан од вакво значење за нас претставуваше најголем предизвик во досегашното работење”, рече Катерина Тодоровска од ЕЛСА.

ЕЛСА мрежата е најголемата независна мрежа на студенти по право, која брои околу 30.000 студенти на повеќе од 200 европски универзитети, лоцирани во 36 европски земји. Овој состанок е статутарен  и на него учествуваа претседателите на ЕЛСА групите. Тие донесоа заклучоци за идните насоки за развој на ЕЛСА мрежата. „Особено сме горди, што во Македонија се испиша дел од историјата на ЕЛСА, бидејќи токму во Охрид, претседателите од 22 различни земји изгласаа дека ЕЛСА треба да се развива како обединет бренд на заеднички вредности како и организација која е првенствено интернационално ориентирана”, додаде Тодоровска. Состанокот е можност за афирмација на една ЕЛСА група, но овој пат стануваше збор и за промоција на Македонија како држава и идна членка на ЕУ.

Настанот беше потпомогнат од Правниот Факултет Јустинијан Први, Агенција за Млади и Спорт и Нотарска Комора на Македонија. ЕЛСА РМ постои и функционира веќе 10 години на Правниот Факултет Јустинијан Први. Повеќе информации за организацијата и за настанот на њњњ.елса-рм.орг.мк и њњњ.елса.орг.  

Г.Ј.