СРБИЈА И ЦРНА ГОРА

Кампања: “Начинот на кој те гледам”

По истражувањето кое покажа дека 30% од анкетираните гра­ѓани не би прифатиле да работат заедно со лице со посебни потреби, како и дека 15% сметаат дека е неприфатливо да живеат во иста зграда со таква личност, неколку граѓански орга­низации од Нови Сад ја започнаа кампањата “Начинот на кој те гледам” со цел да ја намалат општествената дистанца кон лицата со посебни потреби во Војводина.

Цен­тар­от за психо-социјална поддршка на лица со посебни по­тре­би и нивните семејства “Живети усправно”, заедно со Ре­­сур­­сниот центар за лицата со посебни потреби на Екуменската хуманитарна организација и Асоцијацијата на учениците со посебни потреби од Нови Сад ја организираа шестмесечната кампања, која е поддржана од Амбасадата на САД и По­кра­ин­ска­та Влада на Војводина.

Речи­си 80 проценти не би прифатиле нивното дете или член од нивното семејство да стапи во брак со лице со посебни потреби или со оштетен вид, 55% не би прифатиле лице со оштетен слух, додека 26% не би прифатиле крв донирана од лице со посебни потреби.

Целта на кампањата е да се информираат граѓаните на Војво­ди­на за статусот и правата на лицата со посебни потре­би.       Г.Ш.