ИТЗ
Мировно образование во училиштата
Институтот за трајни заедници минатиот месец во Скопје организира обука на тема “Образование за мир”. Обуката ја реализира Жизел Обер, специјалист за решавање конфликти од меѓународната организација Аллианце фор Цонфлицт Трансформатион, со седиште во Вирџинија, САД. На обуката присуствуваа претставници од осум невладини организации од Македонија, кои работат на проекти за спречување и превенција на конфликти во основните и средните училиштва во државата.
Според оценките на обучувачот, средбата ја покажала загриженоста на НВОите во однос на насилствата во училиштата, особено во мултиетничките, истовремено рефлектирајќи потреба за запознавање со различни модели и техники за справување со таквите проблеми. Во таа насока еден можен приод, според обучувачот, е училиштата и НВОите да развијат програми за решавање конфликти и мировно образование за деца, млади, наставници или родители, при што тие би ги развивале нивните аналитички и комуникациски вештини за разбирање на конфликтот и неговата динамика и елементи. Друга можност е да се развијат програми за обучување на учениците и нивно оспособување за решавање на конфликти преку програми за медијација. Трет пристап, според Жизел Обер, би бил во редовните училишни предмети да се внесат елементи и рамки за аналитичност и комуникација според мировното образование.
Г. Шабани
НАНСЕН ДИЈАЛОГ ЦЕНТАР И УНИЈА НА СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА
Семинари
за средношколците
Нансен дијалог центарот од Скопје во соработка со Унијата на средните училишта во Македонија, преку својата програма “Градење мир”, односно суб-програмата за младите лидери на средните училишта, врши едукација на координаторите на сите средни училишта.
За таа цел, во мај и јуни годинава беа организирани два семинари за координаторите на сите средни училишта во Скопје на тема “Конфликт менаџмент и анализа на конфликти”. Целта беше младите да се едуцираат на полето на ненасилно разрешување на конфликти. Семинарите беа и подготвителна фаза за Унијата за преземање легитимност за соработка со Нансен дијалог центарот во понатамошните активности во рамките на оваа суб-програма.
Од октомври 2003 во истата програма започнува тримесечен курс на тема “Леадерсхип девелопмент цоурсе”, наменет за средношколци, а ќе бидат опфатени различни теми: комунакциски вештини, управување со конлифкти, организациско управување, медиумската улога во Македонија, како и европската интеграција на Македонија.
Г.Ш.
Настани
Медиуми
ТРЕНИНГ ЗА НОВИНАРИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
Како да се напише добра еко-сторија
Регионалниот центар за животна средина од Будимпешта во партнерство со Еколошкиот прес центар од Скопје минатата недела во Охрид, го организираше првиот тренинг за новинари специјализирани за областа животна средина од Југоисточна Европа.
Целта на тренингот беше презентација на техниките како да се направи добра еколошка сторија обработена од сите аспекти, како еко темите да се наметната како топ-стории за медиумите, како да се креираат теми кои ќе бидат атрактивни за пошироката јавноста.
Тренингот го водеа Пол Браун, новинар со долгогодишно искуство во британскиот Гардијан и Павел Антонов, уредник на Билтенот на РЕЦ- Будимпешта.
Новинарите од регионот како учесници на тренингот имаа можност и за размена на искуства од своите земји, но и за осознавање на една од клучните точки во македонската еко-карта, Охридското Езеро.
С.
|