луѓе: Андон Марковски 

Да создадеме можност за меѓусебна доверба
 

Професионално искуство:
Комерцијален директор во Градежното прет­пријатие “Бетон”-Скопје специјалност - станбена изградба.

Ангажирање во граѓанскиот сектор:
Потпретседател во Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија каде активно е ангажиран од 1993 год. Работи на заштита на правата на пензионерите што произлегуваат од Уставот, законите за пензиско и инвалидско осигурување, Законот за здравствено осигурување, солидарните фондови, спорт, култура и рекреација на пензионерите, продлабочување на демократските процеси и јакнење на граѓанското општество.

Хоби и интереси:
Во слободното време се занимавам со хортикултурно уредување на дворот во мојата куќа.

Најтешка одлука:
Во принцип, пред да донесам одлука, подразмислувам и бројам до 10, па потоа одлучувам.

Амбиции:
Помош на обесправените да се здобијат редовно и навремено со пензиите, помош при добивањеа лекови, како и организирање  спортски натпревари, со културна и забавна содржина и др.

Во слободно време чита:
Читање на дневниот печат, литература од областа на економијата и правото.
Еднаш неделно одам на предавање на универзитетот “Трето доба” при Филозовскиот факултет. Во другите денови сум на прошетка со пријателите.

3а време на викенди:
Во летниот период семејно излегуваме покрај езерото Треска или на други излетнички места околу Скопје. Во зимскиот период “се вртам” покрај телевизорот и гледам фудбалски натпревари.

Кој национален (локален проблем) го смета за особено важен:
Национален интерес, според мене, е, во прв ред, безбедносната политика и економската стабилност во земјата. Сметам  дека треба да се инвестира и да се отворат нови работни места за младите, да се овозможи Балканот и Европа да бидат без граници - за проток на знаења, култура, стока, пари и др. Исто така, потребно е да се намалат даноците, да се подобри (намали) кредитната политика, да се отвораат јавни работи за помасовно вработување на обични работници.
Важно е да се обрне и внимание на еколошката средина (чисти градови).

Кој глобален проблем го смета за особено важен и зошто:
Во една држава треба да се почитува правото, да нема  корупција, брзо да се решаваат судските предмети. Да нема партизација, да се цени стручноста и компетентноста на човекот.

Што би променил во Македонија и во светот:
Да се создаде можност за меѓусебна доверба меѓу луѓето, без оглед на нивната национална, верска и политичка припадност. Владата (министрите) да бидат поставени според стручноста на ресорите, а не спрема партиската припадност.

Совет (порака):
Да се почитуваат темелните вредности на чл. 8 од Уставот на Република Македонија:   основните слободи и права на човекот и граѓанинот, признати во меѓународното право утврдени со Уставот.