Појмовник

Соработка – да се делува или да се работи заедно со друг или со други заради постигнување некоја заедничка цел.

Билатерална соработка - соработка во која учествуваат две страни, групи, земји и сл.

Мултилатерална соработка – соработка во која учествуваат повеќе страни, групи, земји и сл.

Развојна соработка (девелопмент цооператион) се однесува на сите форми на “развојна помош“ во која поединци, групи, организации, институции, локални власти и влади од земјите во развој се помогнати од специјализирана орга­низација за да ги зајакнат своите ка­пацитети, да ги решат проблемите, да создадат и да ја подобрат инфра­струк­турата итн. Развојната сора­ботка може да ги вклучува и владините и невладините организации, да вклучува билатерална и мултилатерална соработка, техничка и финансиска соработка, како и развојна помош обезбедена главно од организации од Северот. Развојната соработка директно или индиректно секогаш е насочена кон луѓето.