Одржан традиционалниот Василичен коктел
Собрани средства за Националниот интервентен центар
Традиционалниот хуманитарен Василичен коктел, кој по 15-ти пат го организира Националниот совет на жените на Македонија, поради трагичното загинување на припадниците на АРМ, се одржа на 21 јануари.
Покровител на коктелот беше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, а учествуваа владините и меѓународните институции, како и бизнис-секторот во земјава. Собраните средства во висина од 2.920 евра се наменети за СОС-националниот интервентен центар за жените жртви на секаков вид насилство. Посебна благодарност Центарот упати до Космофон, кој донира 1.000 евра, и до Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и во Тетово за донираната сума од 500 евра.
|
|