ЦЕНТАР ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ

Реканскиот крај на веб-страница

Центарот за современи уметности (ЦСУ) изготви веб-страница на која се претставени традиционалните, културните, природните и економските потенцијали на реканскиот регион. На www.reka.org.mk  се претставени текстови, фотографии и 500 се­кунди традиционална музика од овој крај. Веб-страницата е дел од проектот „Мали традиции – големи вредности” на ЦСУ, поддржан од Амбасадата на Кралството Хо­ландија и од Фондацијата е-Ма­ке­донија. Во изготвувањето на веб-страницата логис­тич­ка поддршка обезбеди здру­же­нието Рекански бисер од Ростуше.

ЕКО-СВЕСТ

Веб-страница за активностите

На веб-страницата www.ekosvest.com.mk   на скопското здружение за заштита на животната средина, Еко-свест, може да се најдат информации за активностите на ова здружение. Оттаму може да се сим­не и неодамна објавената публикација “Оцена на влијанието врз животната средина - до каде сме?”, која бесплатно мо­же да се подигне и во просториите на Здру­же­ни­ето и во Канцеларијата за комуника­ци­ја со јавноста на Ми­ни­стер­ство­то за животна средина и просторно планирање.


Нов стрип-магазин

Креатор

Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес го изда­де првиот број  на стрип-магазинот Креатор, отпечатен со по­мош на Министерството за култура и на ФИООМ. Според на­ја­вите, Креатор треба да излегува два пати годишно, а во првиот број учествуваат автори од Македонија и од Србија.