ВО ВЕЛЕС
Еколошка демократија
Друштвото на родители за грижа за здраво поколение од Велес, со поддршка на Британската амбасада во Македонија, го спроведува проектот “Еколошка демократија за Велес”. Проектот има за цел да иницира измени и дополнувања на закони што ја регулираат здравствената заштита на сите граѓани, со посебен акцент на животната средина и на еколошката заштита, посебно на децата.
Ова здружение ќе предложи мерки за обезбедување материјални средства од Фондот за животна средина, за рехабилитација на хронично болните деца од болести предизвикани од загадената животна средина, како и нивна дијагноза и лекување. Во рамките на проектот е отворен Интерактивен центар за едуцирање, информирање и советување од областа на здравствената заштита на децата.

М.И.