Светска банка

Помош за Бангладеш

Светската банка понуди 250.000 долари за последиците од циклонот Сидр, за да им помогне на милиони луѓе од Бангладеш да закрепнат и да се зајакнат системите на државата за намалување на катастрофата.

Помошта од Банката може да се употреби за поддршка на краткорочни потреби како, на пример, увоз на храна, брза набавка на медицински залихи, парична помош на најсиромашните жртви и помош на луѓето повторно да застанат на нозе и да ги повратат изворите на приход за живот. Помошта од Банката исто така може да му помогне на Бангладеш да се справи со макроекономските шокови во овој период на предизвици.

Подолгорочно, помошта од Банката би била достапна за обнова на инфраструктурата, особено штетата на насипите и друга инфраструктура за ублажување на поплавите. Помошта  исто така ќе поддржи управување со крајбрежната зона со цел да му помогне на Бангладеш да се соочи со предизвикот на климатските промени преку ублажување  на неизбежното влијание од идните катастрофи и изградба на привремени засолништа за заштита на луѓето и нивниот добиток.

Помошта за циклонот ќе ги надополни постоечките обврски на Светската банка како реакција на тешките поплави во август и септември. Банката обезбедува 75 милиони американски долари  брза исплата како почетен одговор на поплавата и ќе ја поддржи обновата преку повторна распределба на постоечките финансии за поддршка на реконструкција и подобрувања на полето на земјоделството, здравството, комуникациите, водата и санитацијата.