ПРЕТСТАВУВАЊЕ
СОЈУЗ НА СТУДЕНТИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА УЧИТЕЛИ И ВОСПИТУВАЧИ – БИТОЛА Студенстски акции во хуманитарни цели
Сојузот на студенти на Факултетот за учители и воспитувачи во Битола, е млада но мошне активна организација. Таа остварува контакти со скоро сите организации и институции во земјава што се залагаат за си што е поврзано со студентскиот живот. Но, Сојузот одржува и активни контакти со странски сродни организации. Така, амбициозниот план на ова здружение поврзан со меѓународната соработка се однесува на спроведување на еден поголем проект насловен како „Стоп на ненасилството”, заедно со француската организација Анима Фац, за кој се надеваат дека ќе добијат помош од Француската амбасада. Сојузот на битолската јавност и е познат по една хумана активност.
Секоја година, студентите од ФУВ спроведуваат хуманитарна акција за собирање облека и обувки за децата без родители, за Домот за напуштени доенчиња што се наоѓа непосредно до нивната зграда, како и за хендикепираните. Облеката и обувките со поголема величина ги испраќаат директно во Црвениот крст на Македонија, во Скопје. Студентите од МЦМС добија поддршка за две активности - за бесплатни курсеви за работа со компјутери за двајца членови на организацијата и за покривање на трошоците за печатење на двата последни броја од студентското списание „Фувко”. - До година планираме овие трошоци да ги покриваме преку членарина при запишувањето на тековната учебна година на секој студент на нашиот факултет. Весникот се печати во 1.000 копии и бесплатно се дистрибуира до студентите на Факултетот и до одредени други студентски и државни институции, како и до МЦМС, вели претседателот на Сојузот на студентите на Факултетот за учители и воспитувачи, Александар Блажески. За својата обука за компјутерско работење, со нас искуствата ги подели Лидија Ангелкова, една од двајцата студенти кои ја користеа помошта на МЦМС. - Посетував курс за работа со компјутери за програмите Windows 98, Word 2000 и Интернет. Студиите ги завршив пред извесно време и од нив научив многу. Сега работам во еден локален бутик, но се надевам дека еден ден ќе работам нешто според мојата професија и дека добро ѓе го искористам овој курс – ни рече Лидија.
|