НАСТАНИ ЖИВОТНА СРЕДИНА ДВИЖЕЊЕ НА ЕКОЛОГИСТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Зелени и гнили јаболка
Движењето на екологистите на Македонија традиционално ги додели признанијата „Зелено јаболко” и критиките „Гнило јаболко”, на своето десетто годишно собрание во Демир Хисар. „Зеленото јаболко” на ДЕМ за животно дело му е доделено постхумно на професор д-р Мирко Панов. Јавна пофалница добија г. Делчо Михајлов, карикатурист, г. Мирослав Балабурски, републички инспектор за жовотна средина, Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, за реализација на проектот „Чиста и зелена македонија”, тимот кој ја спеоведува акцијата „Мир и здравје, без тутун и алкохол” и проф. Д-р Павел Михајлович Шљахов, додека јавна благодарница доби г. Јован Петров. „Гнило јаболко” е доделено на г. Чедо Петров, директор на МХК „Злетово” од велес, г. Маријан Ѓирчев, министер за земјоделство, шумарство и водосропанство и „Бучим” од Еадовиш. Министерството за земјодекство, шумарство и водостопанство доби и јавна критика од ДЕМ. На собранието во Демир Хисар, ДЕМ ги избра и својот нов претседател – г. Тони Јовановски од Битола. М.И.
|