ШЕЛ го штити биодиверзитетот на планетата
„Но го“ листа на заштитени области
По дискусиите водени во „IUCN“ (Меѓународната унија за конзервација на природата), Групата „Шел“ се прокламира како прва компанија во светот која ја прифати листата на светски заштитени области во листата на УНЕСКО како области во кои нема да експлоатира или произведува гас и нафта.
Таканаречената „но го“ листа на заштитени области станува составен дел од бизнисот на „Шел“ на најдобар можен начин – изјави еден од претседателите на оваа меѓународна компанија, сер Филип Ватс.
ИУЦН засилено работи да ја спроведе својата Иницијатива за енергијата и биодиверзитетот и во неа да вклучи што поголем број нафтени групации. Во рамките на оваа иницијатива, „ИУЦН“ изготви водич за експлоатација и производство на гас и нафта во клучните еколошки системи на нашата планета, како што се мангровните шуми, арктичките и субарктичките региони и тропските предели. Се работи на изготвување таков водич и за рударството во аридните и полуаридните области.
М.И. |