СРБИЈА И ЦРНА ГОРА
Подобар пристап до информации
На веб-страницата www.article19.org може да се прочита интересна анализа на Законот за пристап до информации на Србија и Црна Гора. Во анализата се нагласува видливиот напредок во оваа област, особено во смисла на појаснување на правото за воведување усно барање за информирање.
Она што се споменува како слаба страна на овој закон е с$ уште големото присуство на ограничувања за одредени групи информации, како и непостоењето соодветни законски решенија за заштита на поединците кои се извори на информации од одредени институции. Инаку, “Article 19” е глобална кампања за слободното изразување, наречена по членот 19 на Универзалната декларација за човекови права.
М.И.
|