ЕУ
Вратата останува отворена за балканските држави и за Турција
ЕУ го издаде извештајот за напредокот на секоја држава на Балканот и за Турција. Годишниот документ за стратегија на Комисијата кој ја објаснува нејзината политика за проширувањето на ЕУ беше усвоен и стана достапен на интернет.
Документот вклучува резиме на напредокот направен во последните дванаесет месеци од страна на секоја земја кандидат и потенцијален кандидат: Хрватска, Македонија, Турција, како и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово (под Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН). Општата оценка е дека ентузијазмот за спроведување на потребните реформи се губи на Балканот и во Турција. Демократските сили во Србија се сeуште ранливи и политичкиот систем во Босна и Херцеговина е во криза. Реформите во Македонија доцнат заради етничка тензија, додека иднината на Косово останува неизвесна.
За повеќе информации, погледнете на: http://ec.europa.eu/enlargement/key_documents/reports_nov_2007_en.htm http://euobserver.com/15/25094 http://www.dw-world.de/dw/article/0,2144,2879234,00.html
|