Новата Европска комисија официјално почнува со работа
Се очекува напредок по голем број суштински прашања
По гласот за доверба кој го доби во Европскиот парламент на 18 ноември, 25-члената група комесари предводена од Хозе Мануел Баросо започна официјално да работи на 22 ноември. Првичниот тим на Баросо мораше да се реструктуира кога претседателот дезигнирано сфати дека би можел да не добие доволна политичка поддршка во Европскиот парламент за добивање позитивен глас.
За време на петгодишниот мандат на групата на Баросо се очекува напредок по голем број суштински прашања, како на пример подобрување на конкурентноста на ЕУ, изготвување системи за социјална безбедност (заштита) кои ќе треба успешно да се борат со постарото население и интегрирање на десетте нови членки на ЕУ, додека Унијата се подготвува да ги прими останатите потенцијални членки.
Т.Х.
АНТИНУКЛЕАРНА КАМПАЊА ВО ЕУ
Австрија, Германија и Ирска против нуклеарките
Трите европски држави кои во ЕУ важат за опоненти на нуклеарната политика – Австрија, Германија и Ирска, веќе подолго време водат антинуклеарна кампања во телата на ЕУ, барајќи ревизија на договорот за нуклеарна енергија изготвен од Еуратом.
Оваа акција на владите на трите држави беше поздравена од граѓаните, а особено од граѓанските здруженија кои работат во областа на животната средина. Договорот на Еуратом се оценува како “фундаменталистички, старомоден и недемократски” и се бара тој да се промени, со образложение дека го загрозува Уставот на Унијата. Поддршка на оваа кампања е добиена и од здруженијата на државите-членки на ЕУ кои ја застапуваат политиката на нуклеарна енергија.
М.И.
Европска културна фондација
Нов модел на грантови за 2005
Европската културна фондација неодамна го лансираше новиот модел на грантови за 2005., каде што крајниот рок за аплицирање е 31 јануари 2005 година.
Главните подобрувања во споредба со минатогодишната постапка за аплицирање е преминот кон еден пофлексибилен модел, кој од апликантите бара на креативен начин да одговорат на шесте области со кои ЕКФ е засегната во моментот: меѓукултурни надлежности и прекугранична соработка; поголемо учество во уметностите и медиумите; културната димензија на проширувањето на ЕУ; стратегии за промена во рамките на културната инфраструктура; креативни одговори на актуелните политички прашања; развој на заеднички јавен и културен европски простор. За повеќе информации, како и за формуларите за аплицирање, посетете го одделот за грантови на www.eurocult.org.
Г.Ш.
Романија
Културата во политиката
На 27 октомври асоцијацијата (ЕКУМЕСТ) во соработка со Романското академско друштво (РАД), организира тркалезна маса на тема “Културни политики - алтернативни предлози во пресрет на парламентарните избори во ноември 2004”.
Настанот собра претставници на најголемите политички партии кои беа поканети да ги презентираат нивните политички предлози на полето на културата во пресрет на идните избори. Дебатата се фокусира на неколку критични прашања од тоа поле: дефинирање на приоритетните цели за културниот развој; ниво на финансирање во културата; улогата на сите културни актери и на истражувањата за елаборирање и имплементирање на една долгорочна културна политика; реформа на јавните културни институции и на јавниот систем за финансирање; улогата на ЗГ и нивниот пристап до јавните средства за финансирање; улогата на културните индустрии и културниот туризам во поглед на економскиот развој, итн.
За повеќе детали: ецуместЖецумест.ро или посетете ја веб- страницата посветена на овој настан: www.oneworld.net.
Г.Ш.
|