СОЖМ

Родовиот концепт и медиумите

Во рамките на проектот „Жените и меди­умите“, во организација на Сојузот на организациите на жените на Република Македонија (СОЖМ), на 18 април годинава, во Клубот на пратениците во Скопје се одржа семинар за оценување од мониторингот на медиумите со новинарите и уредниците од печатените и електронските медиуми од Република Македонија.

Оваа средба имаше за цел присутните новинари и нивните уредници да ги пре­зентираат резултатите од мониторингот на своите медиуми, односно да ги дадат своите оценки за тоа колку е родовиот концепт (односно жената) присутен во медиумите, во која рубрика или емисија, колку често и во кој контекст. Присутните дискутираа и за механизмите за поголемо учество на жените во уредувачката политика на медиумите.

„Оваа активност ја започнавме уште од последните парламентарни предизборни кампањи, кога организиравме тркалезна маса за видливоста, односно невидливоста на жените во медиумите. Тогаш беа присутни новинари од многу медиуми од целата земја, интелектуалци, жени-политичарки и др., а заклучокот беше дека новинарите немаат чувство, сензибилитет, за родовиот концепт во медиумите. За да се обидеме да го поравиме тоа, направивме селекција од новинари од цела Македонија и со нив спроведовме неколку обуки за родови односи, а една од задачите им беше да направат и мониторинг на своите медиуми за застапеноста на жената во медиумите. Резултатите ги слу­шаме сега“, изјави Светлана Цветковска, асистент на Програмата за политичко јак­нење на жените во СОЖМ.

Евалуатори беа Билјана Бејкова од Инсти­тутот за медиуми и Весна Јованоска од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ, а препораките и заклучоците, на крајот, беа презентирани од Гордана Стошиќ, директорка на Маке­донската радио и телевизија (МРТВ). 

           

Д. М.