СРБИЈА

Препораки од медиумите за медиумите

Осумнаесет медиуми, медиумски куќи и организации од Србија, неодамна го изготвија и публикуваа документот насловен „Медиумите во Србија“. Во него е сумиран статусот на медиумите, проблемите со кои се соочуваат, законската регулатива и други аспекти релевантни за темата.

Покрај анализа на состојбата на медиумите, во овој документ се дадени и препораки, насочени кон јавноста и инсти­туциите во Србија, но и кон меѓу­народната заедница, чија цел е да се поттикнат и иницираат мерки за подобрување на јавното инфор­мирање преку медиумите, како една од клучните придобивки на секое демократско општество.

Целокупниот документ може да се најде на веб-страницата:

www.b92.net

 
М.И.