Оглас за работа
Стажирање во Европската комисија за млади Роми
Европската комисија во соработка со Институтот Отворено општество нуди 5 петмесечни стажирања, почнувајќи од 1 март 2008 година, за млади дипломирани Роми од сите нови држави членки (со исклучок на Кипар и Малта): Хрватска, Македонија, Србија, вклучително и Косово, и Црна Гора.
Обуката опфаќа работа во еден од одделите на Комисијата, а рокот за пријавување е до 7 јануари, идната година. Стажирањето ги има следниве главни цели: да им даде на Ромите стажанти општа идеја за целите и проблемите на европската интеграција; да им понуди практично знаење за работата на одделите на Комисијата; да им овозможи да стекнат лично искуство преку контактите остварени во текот на нивното секојдневно работење; да им овозможи да го збогатат и практикуваат знаењето кое го стекнале за време на нивните студии или професионални кариери.
Финансиската помош за стажирањето ја обезбедува Институтот Отворено општество. За повеќе информации, контактирајте со:
Brussels Internship Program, Roma Participation Program, Open Society Institute Budapest, Oktober 6 u.12, H-1051 Budapest Hungary, E-mail: rpp@osi.hu, Fax: +361 327-3841
|
|