ВО ДЕБАР

Отворен центар за информирање на граѓаните

Директорот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), г. Стивен Хејнс, на почетоот на февруари годинава, во Дебар го отвори деветтиот по ред Центар за информирање на граѓаните во Македонија. Тој нагласи дека овие центри во Македонија, како и во другите земји од регионот, имаат големо значење за транспаретноста на органите на локалната власт.

Градоначалникот на Дебар, г. Имер Ологу, рече дека ова е уште еден нов проект што дебранската локална власт го реализира во соработка со УСАИД и е во прилог на реформите во локалната самоуправа.

Центарот ќе ги информира граѓаните за сите активности на локалната власт, за работата на локалните невладини организации, меѓународните проекти, регионалните саеми и изложби итн. Техничката помош за отворање на Центарот е добиена од страна на УСАИД, додека просторот и вработените се на товар на локалната власт.
Инаку, вакви центри досега се отворени во Гостивар, во Штип, во Кавадарци, во Куманово, во Велес, во Скопје, во Битола и во Тетово.


Г.Шабани