18 мај

Цветна трка

И годинава, ОБСЕ ја организира Цветната трка, чии приходи ќе бидат донирани во добротворни цели. Се трча класична мара­тонска далечина од 42 километри, симбо­лично поврзувајќи ги Скопје и Тетово. Целта е на симболичен начин да се зближат граѓаните на Македонија од различни етнички групи. За пријавувањето на ти­мовите (се трча по принцип на штафета во тимови од 20 тркачи) и за другите инфор­мации, обратете се до Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје.