Мозаик - успешен модел за мултикултурно и предучилишно образование и воспитание
Билингвалните групи ја потврдија моќта на комуникацијата
Во седум градинки во пет града во Македонија се одвива мошне впечатливиот модел за мултикултурно и предучилишно образование и воспитание на деца од 3 до 6-годишна возраст наречен „Мозаик”. За него најмногу знаат дел од родителите кои се одлучуваат наместо во класична група во градинка, своето дете да го пратат во македонско-албанска, македонско-српска или македонско-турска група, но знаат и нивните роднини, пријатели. Од пред една година стекнатите позитивни искуства се пренесуваат и на Косово