Европски социјален форум

Начини за учествување во Глобалното движење

Последното подготвително собрание на Европскиот социјален форум се одржа во Истанбул, Турција, од 22 до 25 септември 2005 година, каде учествуваа повеќе од 450 пратеници од 167 организации, од 34 земји од светот. Главната тема на форумот беше разговорот во врска со четирите тематски оски на ЕСФ, односно приоритетите на коишто Форумот ќе треба да ја фокусира својата работа.

Исто така, се одржаа и состаноци на работните групи и различните мрежи.

Извештајот, како и поопширните информации во врска со средбите се достапни на веб-страницата на ЕСФ: њњњ.фсе-есф.орг. Следниот форум ќе се одржи во Атина, Грција, во април 2006 година. Сите заинтересирани организации коишто сакаат да бидат дел од движењето, можат да се регистрираат на веб-страницата на ЕСФ и да учествуваат на дискусиите на форумот, а и да се пријават за учество  на форумот во 2006 година.    

Т.Х.А.