ПРОГРАМА ЗА СТАЖИРАЊЕ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Грантови за за професионален развој и размена
Достапни се грантови за проекти за обука и размена за организации и активисти од полето на човековите права во Африка, Азија, Средниот Исток, Латинска Америка, Карибите, Источна и Централна Европа и републиките од поранешниот Советски Сојуз. Тие вклучуваат: обуки на терен, испраќање на привремена работа и научни патувања. Присуство на курсеви или на работилници доаѓа предвид само во случаите кога бараната обука има прецизен фокус и исполнува јасно дефинирани институционални потреби. Грантовите покриваат патни трошоци, стипендија за основните животни потреби и здравствено осигурување на учесникот (или обучувачот), а вообичаено се движат од 1.000 до 7.000 американски долари. Приоритет имаат апликации од организации. Крајни рокови за аплицирање се: 30 април, 31 август и 31 декември 2004 година. Формуларите за аплицирање, како и повеќе информации во врска со аплицирањето и Меѓународната програма за стажирање за човекови права ќе ги добиете на www.iie.org/ihrip или преку контакт со МПСЧП на ihrip@iie.org.
Т.Х.
|