13-15 ноември

Економски форум

Во Скопје, во организација на ЦЕИ (Централно-европската иницијатива) и Министерството за економија и други партнери, се одржува Самит - Економски форум. Ќе бидат разгледувани повеќе прашања од значење на микро и макроекономијата, а ќе се одржат и повеќе работилници на секторски теми. На Економскиот форум учествуваат владини тела, невладини организации и експерти од различни области од нашата држава и странство.