Конференција за декриминализација на клевета и навреда
ЗА право на слободно изразување!
На крајот на јануари, Полио плус во Скопје го промовира почетокот на новиот проект “На барикадите - против барикади”, кој ќе го спроведува во партнерство со Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, за подигање на јавната свест дека пристапноста претставува основно човеково право, а не бенефиција. Лилјана Поповска, претседавач на Координативното тело на Интерпарламентарната лоби-група, истакна дека вниманието ќе им биде посветено на седум теми во градот: пристапноста, децата на улица, помош на децата кои по навршените 18 години излегуваат од домовите за деца без родители, на прифатилиштата за бездомници, на психосицијалната помош, помош на народните кујни за луѓе со егзистенцијалните проблеми, како и на прифатилиштето за зависници од дрога. “Соработката што ја остваривме со Координативното тело на град Скопје е многу заначајна. Лицата со хендикеп се како и сите други членови на заедницата и ги имаат сите потреби. Пристапни рампи ќе се изградат до Универзитетската библиотека, Македонската опера и балет, Домот на АРМ и поликлиниката „Јане Сандански” во Аеродром, посочи Анкица Ивановска, вклучена во спроведувањето на проектот.
Вкупните градежни работи за проектот чинат околу 18 илјади американски долари. Проектот се спроведува во рамките на Програмата за развој на општините, а е поддржан од Министерството за финансии и од Светска банка.
|