МИА, ГАРД И ЕМСА

На Денот на вљубените против СИДА

Три здруженија - Македонската интеретничка организација МИА, Здружението за активно и рекреативно движење ГАРД и Здружението на студентите по медицина ЕМСА, на Денот на вљубените, 14 февруари, спроведоа таканеречена "Парада на вљубените" во Скопје, чија цел беше промоција на превенцијата за заштита од СИДА.

Оваа активност се одвиваше со поддршка на амбасадата на Норвешка во нашата држава, а во рамките на овој проект беше доделена и наградата "Срце за поддршка", која и припадна на г-ѓа Весна Петрушевска, за спроведувањето на проектот "Срцето е кршлива поддршка" во нејзината ТВ-емисија "Вртелешка".

Парадата на Денот на вљубените имаше масовен одѕив, на неа учествуваа многу млади, кои носеа пораки за заштита од СИДА-та. Парадата продолжи со дружење во Градскиот парк и забава во дискотеката "Колосеум".

М.И.