Црна Гора

Приходи од игри на среќа за шест области

Претставници на граѓанскиот сектор во Црна Гора бараат ефикасен систем на финансирање од средствата на јавните фондови, кои ќе бидат засновани на јасните принципи и критериуми со почитување на независноста на секторот, со обезбедување адекватни одговорности од сите страни за парите од фондовите. Коалицијата на граѓанските организации „Со соработка до целта”, основана во мај 2006 година, која ја сочинуваат околу 250 организации, организира тркалезна маса со претставници на владата на која беше расправано за предлог-уредбата за критериумите за утврдување на корисниците и начинот на распределба на делот од приходот од игрите на среќа. Според работната верзија на уредбата,  граѓанските организации  ќе користат најмалку 75 отсто од средствата од приходите од игрите на среќа за финансирање програми и планови на граѓанските организации. 

Граѓанскиот сектор очекува дека ќе биде финансиран повеќе од минатата година, кога беа издвоени 2.380.800 евра. Според суштинските решенија од нацртот на уредбата, приходите по основа на игрите на среќа ќе бидат доделени за шест области: социјална заштита и хуманитарни активности (5%), задоволување на потребите на лицата со хендикеп (40%), развој на спортот (20%), култура и техничка култура (10%), вонинституционално образование и воспитување на децата и младите (5%), како и придонес во борбата против дрогата и сите облици на зависности (20%).

Средствата од делот на приходите од игрите на среќа ќе се распоредуваат по основа на распишаниот јавен конкурс, со јасно назначени критериуми.

Г.Ш.

извор: oneworld