УСАИД

Доделени грантови на 12 граѓански организации

На 14 февруари, во просториите на Скопски саем, се одржа церемонијата на доделување грантови за 12 граѓански организации од различни области во рамките на тригодишниот проект за зајакнување на граѓанското општество, финансиран од страна на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), кој се имплементира од страна на конзорциум предводен од Институтот за трајни заедници (ИТЗ). Другите членови  на проектот се Центарот за институционален развој (ЦИРа), Европскиот центар за непрофитно право (ЕНЦЛ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), а неговата цел е да го направи граѓанскиот сектор во Македонија поефективен, повлијателен и постојан партнер на владата и деловниот сектор во оформувањето на сегашноста и иднината на земјата. Со воспоставувањето партнерства меѓу граѓанските организации, проектот треба да им помогне на македонските граѓани да ги изразат своите приоритети, да им пристапат конструктивно и да бараат одговорност од владата за одлуките коишто ги донесува.

Грантот во висина од  900.000 УСД и обуки, техничка помош, менторство и др. го добија Асоцијацијата на демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар, Центарот за граѓански инцијативи (ЦГИ) од Прилеп, Коалицијата “Сите за правично судење” од Скопје, Еманципација, солидарност, еднаквост (ЕСЕ) од Скопје, Федерацијата на фармерите во Република Македонија од Скопје, КХАМ од Делчево, Лоја од Тетово, Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) од Скопје, ХДЗР Месечина од Гостивар, МОСТ од Скопје, Планетум од Струмица и Младинскиот културен центар од Битола.

На церемонијата учествуваа и американскиот амбасадор во Македонија, Џилијан Арлет Миловановиќ, директорот на мисијата на УСАИД, Дик Голдман и директорот на Институтот за трајни заедници, Стефани Раст.