Меѓународен ден против фашизмот и антисемитизмот:

“Уништете го фашизмот!”

“Уништете го фашизмот!” - Под ова мото антифашистичките и антирасистичките организации од Европа, им оддадоа почит на жртвите на “Кристалната ноќ” и на Хитлеровата фатална политика на масовно убивање. Комеморацијата предводена од УНИТЕД доби и ново значење, бидејќи, освен сеќавањето на Погромот од 1938 година, таа има улога и на кампања против појавата на неонацизмот и расизмот денес во Европа, а воедно и ја покажува нашата поддршка на неодамнешните жртви на расизмот и фашизмот.
Фокусот на годинешната кампања која ќе се реализира по повод 9 ноември е здружување на силите и создавање силно движење што ќе биде во состојба да му застане на патот на фашизмот во сите негови форми и облици. Најголемата паневропска мрежа против национализмот и расизмот - УНИТЕД обединува различни активности и ги подвлекува прашањата на фашизмот и антисемитизмот на Европско ниво, Таа промовира и поддржува и иницијативи на локални групи, а ги поддржува И имигрантите и бегалците, поврзувајќи над 560 организации од 46 Европски земји. УНИТЕД ја координира и Европската кампања на Меѓународниот ден за борба против фашизмот и антисемитизмот.
За повеќе информации во врска со кампањата посетете ја:  www.unitedagainstracism.org. Ако сакате да учествувате во активностите, УНИТЕД може да ви помогне да набавите материјали. За таа цел, пишете на: info@unitedagainsrasim.org 

  Т.Х.А