Јавна расправа

Законот за здруженија на граѓани и фондови

Во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и во соработка со Министерството за правда на Република Македонија на 13 февруари 2006 година во Скопје се одржа јавна расправа по повод предлогот за донесување закон за изменување и дополнувања на Законот за здруженијата на граѓани и фондациите.

Воведно излагање имаше г-ѓа Мери Младеновска–Ѓорѓиевска, министер за  правда на Република Македонија, а по неа зборуваа г-ѓа Загорка Тноковска, раководител на Секторот за државна управа и изборен систем и управни надлежности во Министерството за правда на РМ и проф. д-р Борче Давитковски, професор на Правниот факултет „Јустинијан први” во Скопје.

Целта на јавната расправа беше да се дискутира и коментира по предлог-измените на Законот, а во насока на негово подобрување пред да биде доставен до Владата на Република Македонија.