ЕВРОПСКА КОМИСИЈА
Хуманитарна помош за бегалците во Србија
Европската комисија ќе донира хуманитарна помош во вредност од еден милион евра за бегалците и раселените лица кои се наоѓаат во колективните центри во Србија, за да ги обезбедат потребните средства за претстојната зима.
Како што е најавено, Европската комисија ја одобри финансиската помош која ќе се управува преку канцеларијата на ЕЦХО (ECHO) во Белград. Помошта вклучува финансиски средства за обезбедување гориво за греење (огревно дрво и мазут) за повеќе од 20.000 бегалци и внатрешно раселени лица кои се сместени во 274 колективни центри низ Србија.
Г.Ш.
|