ИСТОРИЈА НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

Цело е кога има сe и Живо наследство

Во рубриката „Историја на граѓанското општество“ ќе претставуваме настани, почетоци на иницијативи, програми и поголеми проекти, „меѓници“ на невладиното движење кои се случиле во тековниот месец, но и во изминатите години, не само во Македонија, туку и во светот.
Ве повикуваме да ни испраќате информации за таквите случувања, на нашата адреса: МЦМС, „Никола Парапунов“ бб, 1000 Скопје или на електронската адреса: mcms@mcms.org.mk, во обата случаја со назнака „За Граѓански свет“.

Во овој број, пратставуваме две важни случувања во граѓанското општество во Македонија:

 


Цело е кога има сE

Да се вратиме на заборавените вредности


На 24 мај 1999 година, започнаа да се емитираат видео-спотовите од првата фаза на Кампањата „Цело е кога има се’“ која ја спроведе МЦМС, а на 28 мај истата година, се одржа промоција на кампањата во дискотеката „Колосеум“ во Скопје.

Целта на оваа кампања беше да се промовираат заборавените и потиснатите вредности кои беа ка­ра­ктеристика на граѓаните на Македонија: добро­со­сед­ството, толерантноста, мул­ти­културализмот, соживотот. Кампањата се состоеше од повеќе сегменти, меѓу кои особено добро прифатено беше вклучувањето на де­цата, како симбол на нашата иднина, со своите размислувања на прашањата што е едно, две и цело. Еден од тие детски одговори: „Цело е кога има сe“, беше избран и за наслов на кампањата.

 
ПРОГРАМА Живо наследство

Развој преку културните ресурси


Во мај 2000 година, во Маке­донија почна да се спроведува програмата Живо наследство, иницирана од белгиската фондација Крал Бодуен. Македонија е првата држава во регионот на Југоисточна Европа во која почна да се спроведува оваа програма (следуваа Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина). Рамноправен партнер (од орга­низациски и финансиски аспект) на Фондацијата Крал Бодуен во Маке­донија е Фондацијата Институт отворено општество - Македонија.

Инаку, целта на оваа програма е да се поттикне развојот на малите заедници (до 25.000 жители) преку препознавање на културните вред­ности и нивно искористување како ресурс за развојот. Досега, преку програмата Живо наследство, во Македонија се поддржани 19 проекти.