ЕРМЕНИЈА


„Смрт“ за смртната казна

Советот на Европа ја поздрави одлуката на Народното собрание на Ерменија, со која, на 9 септември, со 91 глас за и 1 против, ја укина смртната казна и ја авторизира ратификацијата на Шестиот протокол на Европската конвенција за човекови права.

Ерменија со тоа стана 42 земја-членка на оваа паневропска организација што го ратификува овој протокол. Советот на Европа има вкупно 45 членки.