ПОЛИО ПЛУС ГРОФ МОНТЕ КРИСТО МЕЃУ НАС
Здружението “Полио плус – постполио група за поддршка”, во соработка со “Хендикеп интернационал”, го одбележа денот на хендикепираните лица, 3 декември, на оригинален начин – поставувајќи метален кафез на влезот во Градскиот трговски центар во Скопје. Оваа алузија на затвореноста на Грофот Монте Кристо, која беше дел од уличниот театар организиран од “Полио плус”, требаше да ги потсети граѓаните, како и надлежните, на принуденоста на лицата со хендикеп да живеат во еден вид кафез создаден од негрижноста на општеството. Архитектонските бариери се само една од многубројните шипки на тој кафез. На оваа манифестација, меѓународната организација “Хендикеп интернационал” го промовира проектот “Самопомош” што ќе го спроведува во соработка со “Полио плус” во текот на наредните три години, а чија цел е анимирањето на јавноста за проблемите со кои се соочуваат нашите сограѓани кои имаат хендикеп. М.И.
|