Финансирање од страна на ЕУ
За прашања поврзани со финансирањето од страна на ЕУ, инструментите кои ги нуди, кој е начинот на аплицирање на граѓанските организации, во прилог се одговорите до страна на ЕЦАС (Еуропеан Цитизен’с Ацтион Сервице) кои беа одговорени во рамките на Бирото за помош на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество, чиј секртарјат се наоѓа во МЦМС.
Како ИПА цели на граѓанскиот сектор?
Како што е наведено во Стратегијата за проширување и главните предизвици 2007-2008, издадена од Комисијата на 6 ноември 2007 година, Комисијата ќе основа нова финансиска програма во рамките на ИПА за развој на граѓанското општество и дијалог. Ќе се планираат национални проекти и проекти за повеќе корисници координирано, со цел да се поттикне развојот на граѓанското општество во секоја држава. Целта ќе биде да се зајакнат телата на граѓанското општество и нивната улога во политичките процеси, да се зголеми капацитетот на граѓанските организации за развој на прекугранични проекти и мрежи и претставниците на граѓанското општество и водачите на мислења да се запознаат со работата на ЕУ. Програмата ќе го подобри капацитетот на локалните граѓански организации за граѓанска мобилизација, застапување, развој на проекти и управување со цел да се поттикне мрежно работење и ќе го поддржи нивниот дијалог со соодветните тела во ЕУ. Ќе се покријат следниве сектори: човекови права, еднаквост на половите, социјална инклузија, здравство, животна средина, деловно посредување и застапување, заштита на потрошувачите. Програмата ќе промовира соработка и пренесување практично знаење помеѓу бизниси, синдикати и професионални организации во земјите партнери и соодветните организации на ниво на ЕУ. Ќе се основа и програма на посетители за да се запознаат со клучните креатори на мислења поврзани со работата на ЕУ, кои се активни во националната и локалната политика, религијата, новинарството, синдикатите, бизнис-здруженијата и да ги поврзе со нивните колеги од ЕУ. Конкретни информации за оваа програма ќе бидат достапни на почетокот на 2008 година.
Кои се, во главни црти, новите правила во ИПА во споредба со КАРДС?
Општо земено, со ИПА граѓанските организации од потенцијалните земји кандидати се подобни за финансирање само со првата и втората компонента, додека граѓанските организации од земјите кандидати се подобни за сите пет компоненти. Во однос на процедуралните правила, не постои голема промена во зависност од видот на засегнатиот договор.
Доколку една граѓанска организација никогаш немала ревизија во изминатите проекти, дали тоа ќе биде пречка да аплицира за фондови на ЕУ?
Постојат различни правила според видот на договорот. Кога станува збор за „Грант” (почесто употребуван за финансирање активности на граѓански организации), апликацијата ќе го покаже правниот статус на апликантот и неговиот финансиски и оперативен капацитет да го спроведе предложеното дејство на програмата за работа. За таа цел, апликантот треба да поднесе декларација за добар углед и, за апликации за грант над 25.000 евра, потребни се дополнителни документи, врз основа на неговата процена на ризик, од страна на одговорно ополномоштено лице. На потребата за вакви документи ќе се укаже во повикот за предлози. Дополнителните документи може да бидат сметка на приходи и расходи и биланс на состојба за последната финансиска година за која се затворени сметките. Кога станува збор за грантови чиј износ е поголем од 500.000 евра или оперативни грантови, треба да се поднесе извештај за ревизија од страна на одобрен надворешен ревизор. Тој извештај ќе ги потврди сметките за последната финансиска година. Одредбите на првиот потстав ќе се применат само на првата апликација направена од страна на корисник за ополномоштено лице во која било буџетска година. Во случај на договори кои ја поврзуваат Комисијата и неколку корисници, праговите можат да се применат на секој корисник.
Доколку локална граѓанска организација нема средства за кофинансирање во некоја активност, дали е возможно во тој случај таа да аплицира за финансиски средтсва на ЕУ?
Кофинансирање под централизирано управување може да се обезбеди на паралелна основа, бидејќи Комисијата се јавува како изведувач. Сепак, во случај на грантови, крајните корисници треба да придонесат за трошоците на проектот во зависност од членот 169 од Одредбата за финансии и членот 253 од Правилата за спроведување на одредбата за финансии. Овие членови дозволуваат (во исклучителен случај) дерогација од кофинансирачка потреба во случаи на хуманитарна помош, кризни ситуации, активности кои резултираат од спроведувањето на финансиските договори со трети земји и активности со меѓународни организации во рамките на значењето на членот 43 од Правилата за спроведување на одредбата за финансии. Како и да е, по потпишувањето на договорот за проект, Комисијата треба да им ги префрли парите на невладината организација што е можно побрзо.
Со оглед на тоа што финансирање на трети страни од грантот не е дозволено, каков вид помош можат да очекуваат малите невладини организации?
Финансиска поддршка на трети страни од страна на корисникот на грантот сега е можно до одреден степен. Кога спроведувањето на активноста бара финансиската поддршка да се даде на трета страна, корисникот на грантот може да понуди ваква финансиска поддршка под услов да се исполни следново:
а) финансиската поддршка да не е примарна цел на активноста;
б) износите да бидат многу мали, т.е. да не надминуваат 10.000 евра за секоја трета страна.
|
|