Хрватска

Сексуално образование во училиштата

Асоцијациите  Хрватска женска мрежа (Цроатиан Њомен Нет­њорк), Искорак и Контра испратија отворено писмо до Мини­стер­ството за образование, наука и спорт по прашањето за сексу­ално образование во училиштата во Хрватска. Пот­пис­ни­ци­те на писмото бараат од Министерството да ја разгледа и про­цени програмата за сексуалното образование “Сексу­ал­нос­та на луѓето и квалитетот на живеењето”  и во што поскоро вре­ме да ја одобрат за употреба во образовниот систем.

Про­грамата предлага сексуалното образование да биде фор­мал­на, систематска и општообразовна активност која ќе ги третира концептите на човековата сексуалност. Трите орга­ни­за­ции искажаа и загриженост за гледиштата на Министерството дека сексуалното образование нема да се третира како по­се­бен предмет во наставната про­грама, туку ќе се интегрира во постоечките образовни со­држини. Тие се убедени дека нај­добро решение би била посебна програма претставена од страна на експерти од раз­лич­ни полиња, т.е. обучени и мо­тивирани наставници.     

Г.Ш.