КОНФЕРЕНЦИЈА
Жените на 21 век
Македонија, во соработка со невладиниот сектор, ја зеде улогата на домаќин и на организатор на втората конференција "Жените во 21. век": Улогата на жените во развојот на демократските процеси во Југоисточна Европа. Конференцијата беше закажана за мај 2001 година, но поради воено-политичката криза во која се најде Р. Македонија, активностите се одложија.
Конференцијата "Жените во 21 век" ќе се одржи од 12 до 14 април 2002 година, во Охрид, во хотелите Метропол и Белви.
Првата конференција на жените-лидерки под наслов "Жените во 21. век": Надминување на границите и одржлив развој на Југоисточна Европа, чија основна цел е унапредување на положбата на жената во Југоисточна Европа, во сите сфери на нејзиното живеење, се одржа во Софија, Бугарија, во 1998 година.
Со Конференцијата ќе се придонесе кон унапредување на положбата на жената во Југоисточна Европа, во сите сфери на нејзиното живеење, а работата ќе се одвива во две пленарни сесии и во четири работни групи на темите: "Женски права - човекови права", "Социоекономски развој", "Процес на одлучување" и "Граѓанско општетство". Заклучоците од работните групи ќе бидат презентирани на завршната пленарна седница, од каде ќе се усвои заедничка декларација.
Л.А.Јовановска
|