Граѓанските организации и територијалната организација
Заеднички став за поддршка на демократската трансформацијаОрганизациите членки на Комитетот на Граѓанската платформа на Македонија на 23 јули 2004 година одржаа јавна дебата со претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, за процесот на децентрализација на земјава, односно за предлог-законот за територијална организација на локалната самоуправа. Учествуваа над 50 граѓански организации. Трибината уследи по нетранспарентното водење на процесот на договарање и преговарање за новата територијална организација, при што во услови на недостаток на информации на граѓанските организации им беше тешко да заземат став во врска со ова прашање. |  |
|