Креативна настава и учење
Со читање и пишување до критичко мислење
Во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, од 25 август до 3 септември 2006 година во Охрид се одржуваат интензивни летни обуки за новите активни наставни методи и техники што поттикнуваат критичко мислење и создаваат услови за поактивно ангажирање на учесниците во процесот на учењето.
На обуките учествуваат идни наставници - 180 студенти од наставните насоки на Филолошкиот, на Филозофскиот и на Природно-математичкиот факултет од Скопје, и од Факултетот за хуманитарни науки и уметности и од Природно-математичкиот факултет од Тетово.
Обуките ги организира Програмата Креативна настава и учење на Фондацијата, а ги држат предавачи кои поседуваат сертификат.
М.И
|
|