Новина во СОЖМ

Центар за соработка помеѓу кинеските и македонските жени

Сојузот на организациите на жените на Македонија (СОЖМ), во соработка со Амбасадата на Кина, го отвори Центарот за соработка помеѓу кинеските и македонските жени, кој на жените ќе им нуди поддршка и обука за  економско јакнење. Кинеската женска федерација за таа намена додели техничка опрема за поддршка на активностите на проектот, а отворањето на Центарот се поклопува со еден од приоритетите во Програмата за економско јакнење на жените - континуирана едукација на жените, со акцент на формалното и неформалното образование како најголема инвестиција, велат во
СОЖМ.

Мисијата на Центарот е приближување на невработените жени на ефективен начин на пазарот на трудот, а неговата цел е поддршка на невработените жени да ги развијат своите вештини и да го на­до­полнат своето знаење со учење странски јазици, компјутерски програми, изработка на биз­нис-план итн. Планирано е организирање повеќе активности, тренинг-курсеви, советување и поддршка на жените кои сакаат да започнат со сопствени биз­ни­си, медијација при вработувањето на едуцираните жени и гарантирање за нивниот ра­ботен квалитет, бизнис, заштита на жените на нивните ра­бот­ни места и друго. нис-план и обуки за основи за маркетинг и менаџмент. 

С.Н.