Maj  

ЕРИНА: Тркалезна маса за законска иницијатива

Новинарско-правниот енвиро центар ЕРИНА од Скопје ќе ја одржи третата тркалезна маса на која ќе се разгледа напредокот на проектот за изготвување предлог на текст за донесување Закон за пристап до информациите и учество на јавноста во областа на животната средина. Изготвувањето на текстот е дел од проектот на ЕРИНА финансиран од Институтот за трајни заедници од САД, а како дел од долгорочната кампања на ЕРИНА за имплементација на Архуската конвенција во нашата држава (Конвенција за пристап до информациите, учество на јавноста и пристап до правдата во областа на животната средина, Архус, 1998 година).