ЗДРУЖЕНИЕ НА ЖЕНИТЕ „БИСЕРА” - ОХРИД

Аукција на подароци за СОС телефонот

Здружението на жените „Бисера” од Охрид на мошне инвентивен начин обезбеди дел од средствата потребни за функционирање на СОС телефонската линија за жени и деца жртви на насилство. Ова здружение, под покровителство на РЕЦ и ИТЗ, во јули организира аукција во охридскиот хотел „Парк”, на која беа продавани подароци донирани од други невладини организации од Македонија, од граѓани и од стопанственици. Право на учество имаа сите кои за симболична цена купија влезници, а приходот од влезниците исто така е наменет за функционирање на СОС телефонот.

Во „Бисера” велат дека собраните средства ги надминале нивните очекувања и дека овој начин на собирање средства за нивните активности и проекти ќе го применуваат и понатаму. Ова претставува начин невладините организации да генерираат сопствени приходи за наменски цели и барем делумно да се ослободат од зависноста од донаторите, т.е. полека да се придвижат кон она што значи „самоодржливост”.

М.И.