Свет по мерка на животните
Но, дали е таков и за луѓето?
На нејзиното принудно враќање во Киншаса, петгодишната Табита не била придружувана од нејзините родители, ниту пак од некој друг старател. Таа му била доверена на еден од стјуартите во авионот. При пристигнувањето во Киншаса немало НИКОЈ да ја пречека и да се погрижи за неа. Некои организации за човекови права, вклучувајќи го и Меѓународното одделение за заштита на децата од Белгија, интервенирале и ги запрашале властите во Белгија за тоа каде се наоѓа девојчето и што се случило со неа. Тие не успеале веднаш да одговорат на прашањето, поточно, не знаеле каде се наоѓа детето цели три дена! За срамота, тие биле помалку ефикасни од ДХЛ коишто можат да ги следат вашите пакети и писма на целиот пат до нивната крајна дестинација. За среќа, и по малку иронично, девојчето го пронашла сопругата на еден таен разузнавачки агент од Демократска Република Конго, која била доволно љубезна да го земе детето и да го згрижи во својот дом.
Да ја скратиме оваа долга приказна: веднаш штом овој инцидент беше објавен во вестите, девојчето конечно успеа да стигне кај мајка си во Канада. Всушност, ова се случи многу побрзо од нормалното време потребно за организирање правна постапка за повторно обединување на семејство, благодарение на одлуката донесена на највисоко ниво во владите на Белгија и на Канада.
Табита и нејзината мајка ја тужат белгиската влада за непочитување на неколку членови од Конвенцијата за заштита на човековите права и слободи на ОН.
По овој случај, белгискиот министер за внатрешни работи мораше да одговори на многу прашања од страна на членовите на парламентот, кои беа видно вознемирени во врска со целата работа. Министерот едвај успеа да одговори дека “била следена вообичаена процедура”. Истовремено, Министерството за внатрешни работе, кое ги донесе сите полемизирачки одлуки, рече дека тие не разбирале зошто луѓето реагирале толку лошо овој пат, бидејќи вакви ситуации редовно се случувале во минатото, дури и со тригодишни деца. Очигледно, досега, белгиските власти се убедени дека постапиле исправно!
Во друг случај, на 27 октомври 2005 година, тричасовен пожар во еден центар за притвор на аеродромот Шипхол во Амстердам убил 11 илегални емигранти, а повредил уште 16. Триста и педесет затвореници во центарот, кои се дел од 26-те илјади лица што барат азил и се во процесс на депортирање од Холандија, рекле дека стражарите многу бавно одговарале на нивните повици за помош. Овие луѓе чекале да бидат депортирани, бидејќи илегално простојувале во Холандија.
Едно од лицата задржани во притвор кажало на една холандска радиостаница дека стражарите на почетокот ги игнорирале нивните предупредувања за пожар и тропањето на вратите од ќелиите.
“Останавме заклучени внатре. Викавме на цел глас с$ додека не зарипнавме”, изјавил еден затвореник.
Друг затвореник зборувал на холандската телевизија, опишувајќи ја растечката паника.
“Прво ни рекоа дека не постои проблем и едноставно н$ држеа заклучени”, рекол тој.
“Грлата почнаа да не болат. Удиравме, врескавме и секако, ѕвоневме на ѕвончето. А потоа завладеа паника.”
Четириесет и трите затвореници од делот на центарот зафатен со пожарот биле сместени во ќелии за двајца. Персоналот требал да ја отвори секоја ќелија рачно. Властите подоцна коментирале дека не било возможно да се отворат сите ќелии во исто време по електронски пат.
Звучи иронично што истиот тој центар бил и претходно зафатен со пожар, и тоа во ноември 2002 година, набрзо по завршувањето на неговата изградба. Во тоа време с$ уште не бил ставен во употреба, па затоа тогаш немало жртви.
На истиот ден, вестите на БиБиСи го цитирале данскиот премиер, Јан Петер Балкененде, како вели: “Ужасно е кога ќе чуете за пожар со таков размер, единаесетмина мртви. Нашите мисли се со семејствата на жртвите и загинатите.”
|