16 февруари - 30 март СОЖМ: Работилници за жените во политиката...
Во рамките на кампањата „За еднакви можности”, како дел од проектот „Политичка перспектива на жените - лидерство на жените во Македонија”, 12 обучени медијатори ќе одржат работилници во 60 организации на територијата на Република Македонија, со цел за присуство на повеќе жени во политиката и во структурите на одлучувањето. Носители на проектот се СОЖМ и „Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите” при Министерството за труд и социјална политика.
|